Германија
Јулијан ја поделил соблекувалната: Шест играчи на Баерн му го свртеле грбот на Нагелсман

Јулијан Нагелсман е веќе минато во Баерн Минхен и стана јасно дека нема да го доработи договорот во времетраење од пет години, откако клубот се реши за радикална одлука и тренерска промена додека траат репрезентативните обврски.
Последниот пораз од Баер Леверкузен ја прели чашата кај раководните луѓе како Хајнер, Кан и Салихамиџиќ, а фактот што тимот забележа само пет победи на последните десет натпревари во Бундеслигата се надоврза и со фактот што Баерн го загуби првото место на табелата.
Ова се покажа како пресудно за разделбата за која се одлучија баварците, но според медиуми, постојат и доста други важни причини за отказот кој на крајот бил неизбежен.
Угледниот „Билд“ прв ја пренесе информациајта за прекинот на соработката меѓу Нагелсман и Баерн и ангажманот на Томас Тухел, а сега истиот медиум открива дека Јулијан ја поделил соблекувалната и шест играчи му го завртеле грбот.
Брацо веќе говореше за губење на соблекувалната од страна на младиот стручњак, а според „Билд“, дури шест играчи биле крајно незадоволни од работата и методите на Нагелсман, што се покажало како голема причина плус за отказ.
„Билд“ информира дека Мануел Нојер и Свен Улрајх не комуницирале со Нагелсман откако го отпушти тренерот на голманите Тапаловиќ, а незадоволство од тренерот презентирале и Гнабри, Сане, Мусиала и Мане. Ова се шестмината кои се посочени како играчи кои посакувале заминување на Нагелсман, додека Томас Милер бил неутрален и немал ништо против тренерот кој е веќе минато.
Најголеми поддржувачи на Нагелсман биле Леон Горецка и Џошуа Кимих, а според „Билд“, на негова страна биле и Де Лихт, Упамекано и Павар.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..