Поврзете се со нас

Олимписки игри

Избраничките на Андоновски не брилјираа, но обезбедија пласман во нокаут фазата на ОИ

Објавено

на

Женската американска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Олимпискиот турнир, без оглед на тоа што не брилјираше во групната фаза на игрите во Токио.

Избраничките на Влатко Андоновски не беа убедливи и денеска против Австралија, па на крајот мораа да се задоволат само со почетните 0:0, кои инаку беа доволни за пласман во нокаут фазата на Олимписките игри.

Американките во првото коло претрпеа прв пораз од Шведска, додека победата над Нов Зеланд со убедливи 6:1 се покажа како клучна за пласман во четвртфиналето со четири освоени бода.

Во оваа рунда сигурно ќе ја гледаме Шведска, репрезентација која беше убедливо најдобра во оваа фаза од турнирот, во која успеа да забележи дури три победи.

По триумфите над Америка и Австралија, Швеѓанките денеска го победија Нов Зеланд со 2:0 и со максимални девет бода патуваат во втората и главна фаза на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни