Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги по елиминацијата од Ливерпул: Заслуживме многу повеќе, од овој двомеч излегуваме…

Објавено

на

Екипата на Интер иако според многумина беше огромен аутсајдер против Ливерпул во осминафиналниот двомеч, покажа дека станува збор за тврд тим кој од расте од година во година и допрва ќе им создава проблеми на противниците.

„Нероаѕурите“ победија на вечерашниот натпревар против Ливерпул откако славеа на „Енфилд“ со 1:0, но тоа не беше доволно да се пласираат во следната фаза.

Тренерот на клубот, Симоне Инѕаги смета дека тие заслужиле многу повеќе во првите 75. минути на првиот натпревар и дека по елиминацијата во двомечат ќе излезат како далеку подобар тим.

– Заслуживме повеќе во првите 75. минути од првиот натпревар, но потоа примивме два гола. Вечерва на „Енфилд“ го дадовме максимумот, а од овие два натпревари излегуваме како многу подобра страна, многу посилна.

– Јасно е дека сме разочарани, навистина сакавме да играме во нокаут фазата. Двата натпревари беа израмнети, но тие два гола во првите 15 минути беа клучним –заклучи Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни