Поврзете се со нас

Англија

И Анчелоти е во игра за нов менаџер на Челси

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Челси реши да го отпушти Грем Потер по поразот од Астон Вила за да вчера официјално го назначи Френк Лампард за нов менаџер до крајот на сезоната.

Со ангажманот на Лампард „сините“ си купија време во потрагата по стратег со кој ќе можат да го градат проектот, да го постигнат тоа што го сакаат во наредните години. Како можни решенија досега се споменуваа Јулијан Нагелсман, Луис Енрике, Маурисио Покетино, Жозе Мурињо и Антонио Конте, а според „ЕСПН“ сега на таа листа е и трофејниот италијански стручњак Карло Анчелоти.

Дон Карло е под договор со Реал до 2024 година, но ако оваа кампања биде неуспешна за шпанскиот великан се може да се случи по крајот на сезоната.

Италијанецот веќе имаше еден мандат на „Стемфорд Бриџ“ од 2009 до 2011 година и во истиот ги освои три титули во Англија, Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни