Поврзете се со нас

Англија

Халанд ја најави, а Де Брујне со страшен гол ја потврди победата на Сити (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Сити се изборија за победа на пресметката против Брајтон која оваа попладне се одигра на „Итихад“.

„Граѓаните“ важеа за големи фаворити и тој статус го потврдија со осмото сезонско славје (3-1)по кое имаат само еден бод помалку во однос на лидерот Арсенал кој пак утре има гостување кај Саутемптон.

Ерлинг Халанд продолжи да „гази“ и даде два гола со што стигна до бројката од 17 во Премиер лигата. Гостите во вториот дел преку Тросард најавија неизвеснот која траеше до 75 минута кога го видовме најубавиот потег на мечот ко беше дело на Кевин Де Брујне.

Тој распали во негов стил од далечина за потврда на триумфот на домашниот состав.

Во вториот меч во истиот термин Евертон му одржа лекција на Кристал Палас (3-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни