Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Не сме елита во ЛШ, ама сакаме да бидеме

Објавено

на

Манчестер Сити утре игра со ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите, меч на кој му се радува тренерот Пеп Гвардиола.

Ова за „граѓаните“ ќе биде можност да направат нов исчекор кон остварување на европскиот сон, меѓутоа пред нив имаат одличен противник кого нема да биде едноставно да го скршат и совладаат.

-Ние не сме елита во ова натпреварување, но сакаме да бидеме. Премиер лигата е најважна за нас, но би било убаво да се постигне резултат и во Лигата на шампионите. Повеќето играчи за прв пат се во оваа фаза од натпреварувањето. Сите се подготвени, здрави и среќни. Благодарни сме што имаме можност да играме во полуфиналето. Ова е нормално за некои клубови, но е ново за нас, -истакна Пеп Гвардиола кој говореше и за Нејмар.

-Ако Нејмар останеше подолго во Барселона, ќе освоеше уште две или три Лиги на шампиони. Одлучи да замине во Париз, тоа не беше лоша одлука, градот е прекрасен, клубот е добар. Јас сум негов голем фан затоа што го направи фудбалот подобар, -дополни Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни