Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не ја криеше еуфоријата: Пеп го бркаше херојот Де Брујне по теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Кевин Де Брујне е играч кој ја одбележа последнава деценија во Премиер лигата и стана играч кој беше клучен за сите големи успеси на Манчестер Сити, а својата класа ја презентираше и во ситуација кога беше надвор од терените цели пет месеци.

Белгиецот се врати на премиерлигашките терени првпат од месец август и тоа го направи на сензационален начин, бидејќи неговото влегување на теренот донесе неверојатна свежина во тимот на Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити губеше на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ и не изгледаше премногу инвентивно, но Де Брујне ги реши проблемите и покрај тоа што не е во најдобра физичка форма.

Кевин се врати со интелигентен гол и асистенција за победа која беше заокружена од Боб, па иако одигра само половина час, тој беше играчот на мечот.

Де Брујне доби признание од луѓето во Премиер лигата и беше избран за МВП, но пред да дојде до тоа, беше бркан на теренот од Пеп Гвардиола.

Шпанецот беше еуфоричен како ретко кога во последно време, па и самиот знаеше каде треба да завршат најголем дел од честитките по победата од 2:3.

– Тука не станува збор за тактика, тука се работи за чист талент. Кевин поседува чист талент и ја направи разликата. Игравме добро и пред него, но за да победуваме на вакви тешки натпревари, потребни ни се играчи како Кевин Де Брујне и Ерлинг Халанд, – изјави Гвардиола.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни