Поврзете се со нас

Англија

Грилиш: Добро ја паметам изјавата на Мајкл Овен

Објавено

на

Џек Грилиш на почетокот на месец август реализираше сензационален трансфер во Манчестер Сити, поради кои сопствениците на Астон Вила инкасираа импресивни 100 милиони фунти, што направи репрезентативецот да стана најскап англиски играч во историјата.

Иако претходно беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, Грилиш на крајот заврши во другиот дел од градот и ја облече „10-та“ која ја остави Кун Агуеро, а сега во ексклузивното интервју за „Телеграф“ се потсети и на една легендарна изјава на Мајкл Овен поврзана за понудата која се добива еднаш во животот.

– Само еднаш се добива ваква шанса во кариерата и ако си отиде, завршено е. Чувствував дека Астон Вила се приближува до Европа, но не знаев колку точно ќе ни треба.

– Ако не потпишев за Манчестер Сити, секогаш ќе жалев и ќе се каев за тоа. Се сеќавам дека истото го кажа и Мајкл Овен за неговиот трансфер во Реал Мадрид. Тој воз не се пропушта, – вели Грилиш и додава.

– Вистина е дека бев блиску до трансфер во Јунајтед, но тоа никогаш не се конкретизираше и не се случи. Игравме против Јунајтед во пресезоната пред една година и после тоа порачав дека ќе потпишам нов договор со Вила. Тогаш ја потпишавме и таа клаузула од 100 милиони фунти. Тоа беше добитна комбинација, Астон Вила заработи многу пари со 100 милиони фунти, а јас остварив трансфер каков што посакував, – вели Грилиш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни