Поврзете се со нас

Англија

Големо разочарување на „Сент Џејмс Парк“: Третолигашот Кембриџ го шокираше Њукасл во ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Њукасл им пререди непријатно изненадување на своите навивачи на преполниот „Сент Џејмс Парк“ каде попладнево загуби од третолигашот Кембриџ во рамките на третата рунда на ФА Купот.

Њукасл за овој меч го имаа и зимскиото засилување Киран Трипие кој беше стартери ги одигра сите 90 минути, ама и неговото присуство не беше доволно да се спречи сензацијата на северот на Англија.

Гостите славеа со 1-0, а голот вреден пласман во следното коло беше дело на Ајронсајд во 56 минута.

Кога се во прашање останатите премиерлигаши грешка направи и Барнли кој беше елиминиран од Хадерсфилд, додека место во новата фаза обезбедија Кристал Палас, Лестер, Брентфорд и Брајтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни