АТП
Ѓоковиќ: Верувам дека ќе бидам рекордер по бројот на освоени грен слем титули
Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ е оптимист и верува дека неговата кариера ќе ја заврши како играч со најмногу освоени титули на грен слем турнирите.
Српскиот ас додека има 17 победа на големите турнири со што е на третата позиција зад Рафаел Надал со 19 и сегашниот рекордер Рожер Федерер (20).
-Јас секогаш имам самодоверба. Мислам дека тоа произлегува од вербата во себе која доаѓа од тоа да го правите тоа што го сакате. Сепак, секогаш мора да се откажете од нешто. Би сакал да поминувам повеќе време со семејството и децата. Ама јас сум благодарен што луѓето што ми се најблиску до мене продолжуваат да ме поддржуваат и да разбираат дека овој пат мене ме избра. Имам уште многу да направам во овој спорт.
-Верувам дека можам да освојам најмногу грен слем титули, дека можам да го срушам рекордот за бројот на поминати недели на врвот на АТП-листата. Ова се моите цели. Во исто време, ова не се единствените работи што ме мотивираат. Она што ме движи секој ден е се што е поврзано со мојот раст, -порача Ноле.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Италијапред 21 час
Наполи ќе го менува Гарсија со друг француски тренер