Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри какво предвидување имал за финалето на Вимблдон уште пред една недела

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го победи домашниот миленик Камерон Нори и се пласираше во свое 32-ро грен слем финале во кариерата, во кое ќе се бори за својата 21-ва грен слем титула и седмиот трофеј на Вимблдон.

Српскиот тенисер имаше проблеми само во првиот сет во кој не личеше на себе и го загуби истиот со 6:2, но потоа ја презема контролата во свои раце и со сигурни три добиени сета во продолжение го трасираше својот пат до финалето каде противник ќе му биде човекот со кој изгради чуден однос.

Ноле и Кирјос беа големи тениски непријатели до стартот на оваа година, кога моментумот комплетно се промени откако Ник беше единствениот кој застана на страна на Србинот во големата драма на Австралија Опен. Факт е дека односот меѓу двајцата е многу подобар после случувањата во Мелбурн, а Ѓоковиќ откри дека почувствувал дека може да се сретне со Ник во финалето уште откако тој го добил Циципас минатата недела.

– Имајќи го во предвид неговиот квалитет и концентрацијата која е неоибчмна за негови стандарди, мислев дека може да дојде до финалниот меч. После мечот со Циципас, му реков „се гледаме во недела“. Навистина претчувствував дека може далеку да стигне и еве тоа се обвистини.

– Игравме двапати досега и двапати загубив. Тоа беше пред пет години, се надевам на друг епилот. Искуството е на моја страна, но со него тоа може да нема никакво значење, бидејќи е премногу динамичен, самоуверен и игра најдобро против најдобрите. Делува дека „ги запокавме секирите“, но ќе видиме во недела. Никогаш не сум имал нешто против него, тој имаше нешто против мене со години, едноставно не му се допаѓав. Но, кога беше најтешко, тој застана зад мене и тоа многу го почитувам. Не знам на која страна ќе биде публиката, но јас се подготвувам за најлошото, – изјави Ноле за „Спорт Клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни