Поврзете се со нас

Германија

Германската федерација отвори истрага по контроверзната изјава на Белингам

Објавено

на

Џад Белингам подигна голема прашина со изјавата дадена по дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, кое гостите го добија со резултат 2:3.

Петтиот решавачки гол беше постигнат од пенал, но домаќините сметаат дека се оштетени од судијата Феликс Цвајер, а Германската фудбалска федерација најави истрага.

– За мене нема пенал. Хумелс не ни гледа во топката, тој се бори за позиција и топката удира во него. Може да прегледате многу одлуки од мечот, но што очекувате кога му го давате најважниот меч во Германина на судија кој има наместено натпревар, – без влакна на јазикот порача Белингем.

Федерацијата побарала писмена изјава од англискиот репрезентативец во најбрз можен рок, а откако ќе добие одговор, ќе биде донесено решение за евентуална санкција.

Во меѓувреме, спортскиот директор Михаел Цорк потенцираше дека Борусија како клуб цврсто стои зад својот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни