Поврзете се со нас

АТП

Германецот се пожали за третманот на Ролан Гарос: Зверев има проблем со инјекцијата која значи живот за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Александер Зверев вчера без проблеми се справи со Григор Димитров и се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, турнир кој сепак му прави проблеми на германскиот тенисер поради неговата хронична болест.

Германецот боледува од дијабетес Тип А од своја тригодишна возраст и го регулира нивото на шеќер со инсулин, но инјектирањето на овој хормон сега му направи проблем на овогодинешното издание на Ролан Гарос.

Судиите не му дозволуваа на Зверев да инјектира инсулин на теренот и го тераат да оди во соблекувалната, а притоа тој губи едно од двете права за користење тоалет во меч од пет сета.

– На последниот меч ми рекоа дека морам да го напуштам теренот и дека тоа ќе ми се брои како пауза за тоалет. Јас имам само две паузи за тоалет, а во меч кој може да трае пет сета, понекогаш морам да убризгам четири или пет инјекции инсулин.

– Не ми дозволуваат да правам нешто што е непоходно за моето здравје, за мојот живот. Имав проблем дури и во соблекувалната. Надзорникот влезе во просторијата и испаничи кога виде дека инјектирам инсулин. Ми рече дека мора тоа да биде направено од доктор. Јас имам дијабетес од 3 години и точно знам што правам. Оваа дискусија нема смисла, мојот живот е во опасност ако не добијам инсулин, – изјави Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни