Поврзете се со нас

Италија

Гасперини е против новото правило: Тоа е лоша идеја, фудбалот не е кошарка

Објавено

на

Искусниот италијански стручњак и предводник на калчолигашот Аталанта, Џан Пјеро Гасперини е против новото правило во кое клубовите добија можност да прават по пет замени на натпреварите поради целата пауза, прекинот на кампањата поради коронавирусот.

-Играчите се гладни, сакаат да играат фудбал. Техниката брзо може да се врати, играњето фудбал е како возење велосипед, тоа не се заборава. Бевме „запалени“ на тренинг и станавме посилни. Ние сме подготвени, би можеле да играме утре, но најпозитивниот аспект е духот: никогаш не сме се опуштиле.

-Клубот исто така само сакаше да игра, иако имавме секој интерес табелата да биде „замрзната“ за да можеме да се вратиме во Лигата на шампионите. Сепак, многумина се спротивставија на фудбалот за свои интереси, можеби за да отпишат лоша сезона. Исто така, има премногу омраза од другите спортови.

-Не сакам ниту фудбал без навивачи, но тоа е единствениот начин да се започне одново. Пет замени? Тоа е лоша идеја. Играта станува искривена.

-Стануваме како кошарка, тоа е како да ви дозволат да го менувате моторот за време на трка. Се нарушува спектаклот. Кој е тој генијалец што тврди дека ова правило ќе спречи повреди?, -истакна Гасперини истакна дека го прележал коронавирусот.

Гасперини имал корона пред натпреварот со Валенсија: По победата пиевме шампањ, чувствував како да пијам…

Новото правило со пет измени претходно го критикуваше и тренерот на Барселона, Кике Сетиен.

Сетиен: Новото правило ќе и штети на Барселона

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни