Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен: Новото правило ќе и штети на Барселона

Објавено

на

Кике Сетиен не е премногу задоволен од интензитет кој го прикажуваат играчите кои први започнаа да играат фудбал, јасно алудирајќи на првите две кола кои ги изгледал во Бундеслигата по рестартот на сезоната.

Германците први се вратија на програмата и во чудни услови без публика продолжи по редовниот протокол, но не само што е необично без виорот од фановите, Сетиен смета дека играчите го немаат потребниот интензитет и дека натпреварите наликуваат на пријателски.

Тренерот на Барселона прогнозира дека нешто слично ќе се случува и во Примера, но тој сепак многу позагрижен е поради новото правило со пет замени кое мисли дека ќе му штети на неговиот тим.

– Мислам дека новите правила ќе ни штетат. Поточно, правилото со пет замени на еден меч нема да биде во наша корист, напротив, тоа ќе ни штети. Многу од натпреварите ги решаваме на крајот, а сега ривалите ќе имаат многу посвежи играчи во овој дел од играта и ќе биде подобро за нив, – вели Сетиен и додава.

– Сега започнуваме од нула. Остануваат 11 натпревари и мора да се обидеме да победиме на сите. Ниту еден тим нема да изгледа исто како што изгледаше пред паузата, – уверен е Сетиен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни