Поврзете се со нас

АТП

Надал за „завршниот танц“ во Мадрид: Ако денес се играше Ролан Гарос, немаше да излезам на теренот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал се уште е голем песимист околу својата физичка состојба и не си дава големи шанси за претстојниот турнир во Мадрид, но затоа вели дека самото присуство во шпанската престолнина е знак дека не планира да се откаже.

Шпанецот сака да си овозможи последна шанса за подобро заминување во пензија, а денеска на новинарите во Шпанија им открил дека пред него е последниот настап на Мастерсот во Мадрид.

– Не верувам дека ќе бидам блиску до 100 проценти, но тоа е што е. Најважно е да играм и да се појавам на теренот. Ова ќе биде мојот последен настап во Мадрид, ова е турнир кој многу ми значи, турнир кој ми овозможи незаборавни спомени.

– Ако денеска требаше да играм во Париз на Ролан Гарос, немаше да излезам на теренот. Но, тоа не значи дека се откажувам. Ќе продолжам да работам и тренирам, ќе дадам се од себе за да играм во ПАриз за три недели.

– Ако успеам во тоа, би било фантастично, ако не, нема да биде крај на светот. Светот не завршува со Ролан Гарос, иако тоа беше најважен турнир во мојат кариера. После Ролан Гарос има и Олимписки игри и други важни турнири. Моја цел е да излезам на терен и да се забавувам, но за да се случи тоа, мора да бидам компетитивен, – изјавил Надал кој потврдил дека во моментов не се чувствува подготвен да игра во три добиени сета каков што е форматот на грен слем турнирите.

Надал својот прв меч во Мадрид ќе го има утре, а противник ќе му биде 16-годишниот тинејџер, Дарвин Бланш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни