Поврзете се со нас

Боречки спортови

Вајт го потврди враќањето на Конор МекГрегор во УФЦ октагонот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ufc

УФЦ 300 ивентот во донесе очекувана еуфорија меѓу ММА фановите, кои се под импресии на она што го покажаа учесниците и пред се победите на Алекс Переира и Макс Холовеј, а Дана Вајт соопшти уште една добра вест по спектакуларната ноќ во Лас Вегас.

Првиот човек на УФЦ официјално го потврди враќањето на Конор МекГрегор во октагонот, а тоа ќе се случи на 29. јуни, за време на УФЦ 303 ивентот кој исто така ќе се одржи во Лас Вегас.

Противник на Ирецот ќе му биде Американецот Мајкл Чендлер и тоа ќе биде соочување на двајца борци кои направија подолга пауза по поразите кои ги доживеаја на УФЦ соочувањата.

МекГрегор важи за најголема ѕвезда на УФЦ франшизата, но нема борба од јули 2021 година, кога заработи фрактура на ногата во дуелот со Дастин Појре. Од 2016 година наваму, МекГрегор само четири пати се појавил во УФЦ октагонот и оствари само една победа, па сигурно ќе сака победнички камбек пред големиот ММА аудиториум.

Последниот настап на Чендлер исто така беше пораз од Појре и тоа на УФЦ 281 ивентот во 2022 година, a од 2020 година наваму тој има порази и од Чарлс Оливеира и Џастин Гетџи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни