Поврзете се со нас

Шпанија

Чави детално објасни зошто ја променил одлуката: Не станува збор ниту за его, ниту за пари!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес реши да ја промени совјата првична одлука и истата стана дефинитивна на вчерашниот состанок одржан со Жоан Лапорта, па затоа денеска двајцата решија заедно да се појават пред новинарите и да дадат објаснувања за неочекуваниот расплет.

Пред само три месеци, Чави беше убеден дека е најдобро да се повлече од клубот бидејќи почувствувал негативна енергија во опкружувањето на Барселона, но сега тврди дека ситуацијата целосно се променила и ја почувствувал поддршката од сите во изминативе неколку седмици.

– Ова не беше ниту лесна, ниту едноставна одлука. Во јануари сметав дека е најдобро да го напуштам клубот, но околностите се променија и сега сметам дека останување во Барселона е најдобро за сите. Верувам дека проектот не е завршен, сметам дека можеме да изградиме победнички проект во блиска иднина.

– Убеден сум дека одиме на прав пат, одам напред со цела страст во себе. Се променија многу работи од пред три месеци. Мудрост е да се исправи нешто што е погрешно, па затоа сме тука да го исправиме тоа што сметавме дека е добро пред три месеци. Не станува збор ниту за его, ниту за пари, клубот е на прво место.

– Се случија „коктел“ од неколку работи, поради тоа сметам дека е правилно да продолжам. Ја добив поддршката од претседателот, од Деко и од играчите, затоа останувам во Барса. Јас сум човек на клубот и мислам само добро за Барселона. Не сум поставил никаков услов за останување, тука сум бидејќи чувствувам поддршка од сите. Ако си заминев, немаше да побарам ниту едно евро од годината која ми преостанува, сите знаете дека парите ќе беа пренаменети за идниот тренер. Играчите ја знаат мојата нова одлука и претседателот веќе даде објаснување пред нив. Поддршката е многу важна и тоа ми даде сила, тоа е кратката приказна за мојата променета одлука, – објасни Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни