Поврзете се со нас

Македонија

Разиграниот Вардар му се реваншираше на Тиквеш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Вардар остана во игра за титулата со големата победа која ја оствари над Еурофарм Пелистер на домашен терен, но  тимот на Недановски продолжи со позитивната серија и денеска му се реваншираше на големиот должник.

„Црвено-црните“ претрпеа болен пораз од Тиквеш кој се чинеше дека ќе биде дефинитивен во нивните шампионски амбиции, па затоа скопскиот тим денеска беше посебно мотивиран против кавадаречкиот предизвикувач.

Вардар стигна до осма победа во разигрувањето и потврди дека е во извонредна форма, па со триумфот го зголемува притисокот врз Еурофарм Пелистер кој својот натпревар го игра утре.

По израмнетото прво полувреме кое заврши со резутлат 14:13, силата на Вардар дојде до израз во одлучувачкото второ полувреме, па победата од 29:25 значи дека најтрофејниот македонски колектив за момент го презема врвот на табелата.

Актуелниот бранител на трофејот утре му гостува на Охрид во десеттото коло, а на програмата ќе биде и пресметката меѓу Бутел и Тинекс Пролет.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни