Поврзете се со нас

Германија

Шампионот никогаш не се откажува: Леверкузен избегна прв сезонски пораз во 97. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен беше на прагот да остане на 44 натпревари без пораз во сите натпреварувања и Борусија Дортмунд секунди ја делеа од прекинување на страшната серија на „фармацевтите“, но како и многупати оваа сезона, избраниците на Чаби Алонсо пронајдоа сила за погодок во самата завршница.

Наместо прекинување на лудата серија, истата сега е продолжена и достигна 45 натпревари без пораз во сите натпреварувања, откако искусниот Станишиќ постигна гол за 1:1 во 97-та минута.

Корнерот на Вирц се покажа како одлучувачки за конечниот резултат на „Сигнал Идуна парк“, стадион на кој многумина се понадеваа дека Леверкузен конечно ќе го претрпи првиот пораз оваа сезона.

Новиот германски шампион губеше од 81-та минут кога Филкруг погоди за 1:0, но во завршните секунди го пронајде патот до голот и повторно избегна пораз во домашното првенство.

Погодокот на Станишиќ го израдува и Чаби Алонсо, кого сега го делат само неколку натпревари да ја заврши цела сезона беше ниту еден пораз во Германија и во Европа.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни