Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски повторно доби шанса како стартер и со гол за победа ја прекина ужасната серија на Хајдук (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/hajduk

Хајдук направи гигантски чекори назад во шампионската трка во Хрватска и четирите порази во низа го оставија на десет бода од лидерот Ријека, но тимот од Сплит денеска конечно ја прекина ужасната серија и победи во Првата лига.

Најдобра вест од натпреварот со Славен Белупо беше тоа што Александар  Трајковски на втор меч во низа беше стартер, а мекдонскиот репрезентативец со ново издание докажа дека неправедно бил оставан на клупа.

Трајковски минатиот викенд првпат беше стартер од ноември минатата година и погоди во поразот од Осијек, но денеска повторно се запиша во листата на стрелците.

Алекс се најде на вистинско во 12-та минута по додавањето од Брекало и мирно ја затресе мрежата на Славен Белупо, а неговиот гол на крајот се покажа како клучен за победа.

Трајковски беше повлечен во самата завршница во 86-та минута, па натпреварот го заврши како јунак за својот тим кој стави крај на ужасниот период во хрватската фудбалска елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни