Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кансело: Навивачите се сурови, посакуваат смрт на мојата неродена ќерка

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Барселона доживеа тежок пораз од ПСЖ на домашен терен и остана без полуфиналето во Лигата на шампионите, а дел од фановите очигледно претерале со своите негативни коментари на социјалните мрежи.

Црвениот картон на Араухо и пеналот направен од страна на Жоао Кансело беа можеби и клучните моменти на дуелот во Шпанија, а ПСЖ максимално профитираше за убедлив триумф и елиминација на големиот ривал.

Кансело заработил многу навреди и непристојни коментари на социјалните мрежи, па Португалецот решил да сподели што се случува изминативе денови.

– Луѓето пишуваат се и сешто.

– На Инстаграм некој посакал смрт на мојата ќерка која се уште не е ни родена. Тие не би ми го кажале тоа во лице затоа што ќе имаат проблем, но можат да пишат што сакаат.

– Добив навреди за мене, за мојата партнерка, дури и за нероденото бебе. Ова е суров свет и треба да знаеш како да живееш во него. Јас немам проблем со тоа, но не знам што повеќе треба да се каже за ваквите ситуации. Посакувањето смрт на неродено бебе е сериозна работа, луѓето не размислуваат за личноста која стои зад фудбалерот кого го гледаат на телевизија. И ние сме обични луѓе, – рекол Кансело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни