Поврзете се со нас

АТП

Надал: Рафа има шанса на Ролан Гарос само ако се повредат Ѓоковиќ, Алкарас и Синер

Објавено

на

foto:twitter.com/bcnopenbs

Рафаел Надал ги прави првите важни чекори по долгат пауза која ја имаше поради повреди, а поразот во втората рунда во Барселона само докажа дека во моментов е далеку од посакуваната форма.

Шпанскиот тенисер ќе игра во Мадрид и утре ќе биде на програмата во меч од првото коло, но пред да дојде до тоа, неговиот чичко се огласи за најважниот турнир во календарот на Рафа.

Тони Надал е убеден дека неговиот внук ќе го понуди најдоброто од себе на Ролан Гарос, но додава дека може да го освои само во еден случај.

– Рафа е Рафа на земја, секако дека може да го освои Ролан Гарос. Но, за да се случи тоа, прво треба да се погрижиме да се повредат Алкарас, Ѓоковиќ и Синер, – низа смеа изјавил Тони во интервјуто за „АС“, а потоа се обратил посериозно.

– Има уште еден месец до почетокот на Ролан Гарос, ако успее телото физички да го оспособи за тој турнир, ќе му требаат само неколку меча за да влезе во ритам. Постојат неколку услови за добар турнир, а еден од нив е да има и добар ждреб на самиот старт. Сепак, најважно е да не направи нов чекор назад, да не се повреди повторно. Процесот на адаптација почна добро, сега му се потребни само мечеви до Ролан Гарос. Може да оди далеку само во еден случај, ако има добар ждреб на почетокот. На последниот Австралија Опен кој го освои изгледаше доста лошо на почетокот, изгледаше како да не може да оди, но кога стигна до четвртфиналето, почнаа да се менуваат работите. Верувам дека може повторно такво нешто, морам да го поддржам Рафа, – вели чичко Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни