Поврзете се со нас

Репрезентација

Грчевски по пласманот на ЕП: Со добра ждрепка до втора фаза на континенталниот турнир

Објавено

на

Македонските девојки се погрижија вторпат во низа да бидат дел од еден голем ракометен настан, односно од ново Европско првенство по она на кое беа домаќини пред две години.

Најдобрата македонска женска репрезентација денеска издоминира во Баку и со победата над Азербејџан се чекираше на нов континентален собир, а прикажаната игра и третата запишана победа во квалификациската група донесе позитивни вибрации и кај селекторот Кристијан Грчевски.

– Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме и сепак успеавме да одговориме под притисок. Девојките одиграа како што треба, го исполнија она што го договоривме пред натпреварот.

– Им честитам на ракометарките за прикажаната игра и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан и тоа беше најважно. Иако се работи за послаб противник, сите знаеме дека во денешно време никој не смеете да потцените.

– Се подрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство ќе можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа да размислуваме за понатаму, – изјави Грчевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни