Поврзете се со нас

АБА лига

Атанасов: За реваншот ќе се подготвуваме како да е 0-0

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје славеше над Широки со 85-69 во првата средба од четвртфиналето на плејофот во АБА2 лигата.

Клубот од Аеродром одигра на навистина високо ниво во второто полувреме во кое го сврте резултатот и на крајот дојде до предност од 16 поени пред реваншот во Босна и Херцеговина закажан за наредната седмица.

Од резултатот и играта е задоволен тренерот Васко Атанасов кој воедно им се заблагодари на навивачите за поддршката, а исто порача дека за втората средба ќе се подготвуваат како да немаат никаква позитива.

-Задоволен сум од играта, особено во второто полувреме во кое дојдовме до посакуваната разлика дури и без Ејасу Ворку (играше само четири минути) и Бојан Крстевски, кои беа повредени. Ништо од ова немаше да се случи без фанатичната поддршка од трибините, на што им се заблагодарувам на нашите навивачи. Предноста веќе ништо не ни значи, бидејќи за реваншот ќе се подготвуваме како да почнуваме од 0-0. Верувам во своите момци и мислам дека можеме да продолжиме во ваков ритам, секако со претходно одработување на задачата во македонското првенство, -порача Атанасов.

МЗТ пред „второто полувреме“ со Широки ќе го пречека Гостивар во плејофот во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни