Поврзете се со нас

Македонија

Седма победа за избраниците на Лазаров: Алкалоид лесно ја надигра Струга

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Составот на Алкалоид без проблеми ја надигра Струга (35:20) во првиот натпревар од десеттото коло од плејофот во Суперлигата.

Актуелниот вицешампион беше апсолутен фаворит на средбата во Автокоманда, статус кој го потврди и на теренот каде рутинско го доби тимот кој се уште е на „нула“ во овој дел од шампионатот.

Избраниците на Кирил Лазаров се изборија за позитива од пет гола по 30 минути игра (15-10) за да по одморот покажа уште поголема сила и на крајот слават со 15 разлика.

Дамјан Митев со седум погодоци беше прв стрелец, голманот Галевски забележа 16 одбрани. Кај Струга добра партија имаше Симоноски со шест реализации.

Алкалоид сега има седум победи и со 24 бода е на 3. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни