Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Манчестер Сити го потврди статусот на фаворит и избори сигурен триумф над Брајтон од 4-0 на вечерашниот меч кој се одигра на „Амекс“.

„Граѓаните“ доминираа, беа ефикасни, ефективни и со новите три бода дојдоа до второто место на табелата, поточно сега се на минус еден во однос на лидерот Арсенал кој има одиграно и еден натпревар повеќе од актуелниот првак.

Резултатот беше отворен во 17 минута и тоа со првиот гол на Де Брујне со глава во ПЛ. Тој е во Сити од 2015 година, претходно беше дел од Челси што значи дека од 2012 година ова е прв погодок на Белгиецот на ваков начин во шампионатот.

Во 26 до 34 минута во фокусот беше Фоден кој успеа двапати да се запише во листата на стрелци. Овој резултат беше активен до 62 минута кога Вокер ја запиша втората асиситенција, а во улога на реализатор беше Алварез.

Наредната средба за четата на Гвардиола е на „Сити Граунд“ против Нотингем Форест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни