Поврзете се со нас

Италија

Гарсија: Градот Неапол експресно ме научи на три работи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Без никаква најава и било каква помпезни гласини во јавноста, Руди Гарсија дојде во Неапол и беше претставен како нов тренер на Наполи, што за многумина беше и изненадување во ситуација кога Аурелио Де Лаурентис бираше од листа на која имаше 40 тренери.

На крајот, Аурелио се одлучи за поранешниот тренер на Рома и му се довери по сезоната во која клубот испиша историја, бидејќи Наполи ја освои титулата во Серија А по пауза од 33 години.

Руди Гарсија ќе го наследи тимот на Лучијано Спалети и ќе има сериозна задача во месеците кои претстојат, но по првите неколку недели во градот, Французинот заклучил едно нешто.

Новиот предводник потенцира дека цел град живее за фудбал и тоа може да се забележи од најобична прошетка низ улиците, а во обраќањето за официјалната телевизија испрати и порака до навивачите на Наполи.

– Имам навистина добро чувство по доаѓањето тука. Добив навистина топол пречек и благодарен сум им на фановите. Самошто пристигнав во градот, насекаде гледав банери и знамиња за освоеното Скудето. Тоа е навистина многу убаво, експресно сфатив три работи. Овде се зборува, се јаде и се живее за фудбал и тоа е нешто што навистина ми се допаѓа.

– Навивачите можат да бидат убедени дека ќе дадам се од себе за да ги направам среќни и во иднина, – потенцира Гарсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни