Поврзете се со нас

АТП

Гарин: Ѓоковиќ игра неверојатно, пред мене е голем предизвик

Објавено

на

Кристијан Гарин успешно ги одработи првите три кола на Вимблдон и со тоа стигна до осминафиналето на најпрестижниот грен слем турнир.

Овие три триумфи дефинитивно му помогнаа да ја крене самодовербата, формата, ама сега пред него е најголемиот можен предизвик во моментов-тоа е пресметката со првиот светски рекет и прв фаворит за пехарот во Лондон, Новак Ѓоковиќ.

-Фантастично, се чувствувам одлично. Не играв многу натпревари пред Вимблдон, бев малку надвор од ритам, ова не го очекував. Не очекував да играм ова добро, сервисот ме служи доста добро. Среќен сум што играм и во текот на втората недела, -рече Чилеанецот и додаде:

-Ѓоковиќ е голем предизвик. Имав тешка недела, играв скоро секој ден. Сепак, со нетрпение го чекам тој натпревар. Треба да се одморам, за да бидам целосно подготвен за понеделник, бидејќи Новак игра неверојатно оваа година, -заврши Гарин кој е на 20 место на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни