Поврзете се со нас

Шпанија

Французинот отпадна за дербито: Бензема нема да игра против Севилја, Анчелоти мораше да направи рокада (Фото)

Објавено

на

Карим Бензема почувствувал непријатности на последниот тренинг на Реал Мадрид и денеска му бил направен вонреден медицински преглед, по кој Карло Анчелоти и медицинскиот тим донеле одлука за одмор на Французинот.

Детектиран е мускулен замор на квадрицепсот и најдобра вест е што не станува збор за повреда, но препораките се Бензема да одмори неколку дена пред да се врати на тренинзите во полн интензитет.

Поради тоа, Бензема ќе го пропушти вечерашното големо дерби против Севилја во шпанската Ла Лига, но многу веројатно ќе добие поштеда и на следниот меч во Лигата на шампионите кој се игра во вторник.

Претпоставките се дека Карим ќе му стои на располагање на Анчелоти на следниот првенствен натпревар во Примера, а тоа е оној против Џирона наредниот викенд.

Повратник во првиот тим на Реал е голманот Куртоа кој беше повреден неколку седмици, во стартната постава ќе биде и Чуамени, а Валверде ќе има поофанзивни задачи со Родриго и Винисиус во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни