Поврзете се со нас

Македонија

Фотогалерија: Модерниот дом на РК Алкалоид е почеток на нешто големо во македонскиот ракомет

Објавено

на

Добрата инфраструктурата е никулец за секој голем успех во било кој спорт, а особено во ракометот каде играчите најголем дел од деновите минуваат на паркетот и во салите на клубовите.

Поради таа причина РК Алкалоид реши да ги следи најсовремените примери и денеска ја презентираше целосно реновираната сала во Автокоманда, која од неодамна е дом на новајлијата во најсилното македонско ракометно друштво.

Младите ракометари на Кирил Лазаров го презентираа сиот свој потенцијал во првиот дел од сезоната, а пред продолжувањето, денеска беше официјално отворен реновираниот дом.

Живко Мукаетов како лидер на проектот на РК Алкалоид ја посочи важноста да се имаат најдобри услови за работа, бидејќи целта на новиот проект е да се оформат и изградат ракометари кои во иднина би биле репрезентативци.

– Ако сакаме да ги исполниме амбициите, мора да имаме свој дом, затоа што е невозможно да се направи такво нешто без инфраструктура. Сега може да се работи од утро до мрак и сите овие генерации ќе имаат максимални услови од сите аспекти. Ќе го следиме развојот на секој играч во рамките на системот и тоа ќе придонесе да го имплементираме она што сме го виделе надвор во клубот, но и пошироко, – порача Мукаетов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни