Поврзете се со нас

Македонија

ФМП сигурен против Вардар, Кожув славеше во Гостивар

Објавено

на

Академија ФМП ја продолжи успешната серија во македонското кошаркарско првенство и славеше убедлива победа над Вардар (78:63), додека Кожув излезе како победник на дербито на денот против Гостивар (75:81).

ФМП го доби првиот период со 28:16 и продолжи во сличен стил до крајот на средбата, обезбедувајќи си сигурна победа против скопскиот ривал, па сега стигна до ефект 10:8 за солидна позиција на табелата.

Крстајиќ со 28 поени доминираше во редовите на ФМП, а кај Вардар се издвои Прауел со 15 поени.

Кожув оствари важна победа на гостувањето кај Гостивар (75:81), а гостинската екипа најави ваков епилог по првото полувреме кое го доби со 41:29, а слична предност имаше и по триесет одиграни минути (62:48).

Гостивар во последниот период притисна, стигна до минус три на 26 секунди до крајот, но беше доцна за пресврт, па Кожув ги носи поените во Гевгелија.

Скот со 19 и Силаѓи со 18 поени биле најефикасни во победничкиот тим, додека Тодоровиќ со 23 поени заврши како најдобар реализатор во ростерот на Гостивар.

По оваа рунда, Кожув има ефект 8-9, додека Гостивар е со една победа повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни