Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен за коментарите за Перез: Можете да објавите поради кликови (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен победи на спринт трката во Австрија, но по крајот на истата имаше забелешки за потезите на својот клупски колега Серхио Перез.

Мексиканецот го презеде водството во првиот круг, по што Ферстапен заврши и надвор од патеката, но подоцна си ја поврати својата позиција, освојувајќи го првото место.

– Ова навистина не е во ред, мислам дека треба да зборуваме по трката, – искоментира Ферстапен на тимското радио, за подоцна да ретерира во изјавата за медиумите.

– Кога ќе се случи такво нешто, не ја знаете причината.

– Но, по трката зборувавме и се е во ред, се случи, зборувавме и за мене е завршена работа. Не мора ни да пишувате вест за тоа, поточно и можете за да соберете кликови, – саркастично порачал Ферстапен.

Перез во своја одбрана изјавил дека не знаел оти Ферстапен е до него, а откако сфатил се померил за да му отстапи повеќе простор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни