Поврзете се со нас

Англија

Евра: Се знае кој е главниот проблем на Ливерпул

Објавено

на

Ливерпул доживеа дури шест порази досега во Премиер лигата и е далеку од посакуваната позиција, па фановите и стручните коментатори често се обидуваат да утврдат кој е главниот проблем на „црвените“.

Повредите се реалност и Јирген Клоп не може да смета на одредени важни играчи, но Патрис Евра смета дека резултатите се последица на една промена во ростерот.

– Не знам зошто луѓето не сакаат да признаат, но заминувањето на Садио Мане ја оштети целата сезона за Ливерпул.

– Знам дека не може да има толку проблеми поради еден играч, но Мане беше многу важна алка во системот на Клоп, тој беше толку значаен и не ми е јасно зошто сите бегаат од тој факт, – вели Евра.

Французинот зборувал и за дуелот меѓу Челси и Ливерпул.

– Се надевам дека Мудрик ќе игра, Челси има силен тим, но прашање е колку Потер ќе успее да ги искомбинира како колектив. Кој и да победи, нема да ја спаси сезоната, тоа ќе биде победа за престиж, – смета поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни