Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер им се придружи на Вардар и Бутел на завршниот турнир во Купот

Објавено

на

Фото: РК Еурофарм Пелистер

По Вардар и Бутел, Еурофарм Пелистер е третиот патник на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откако вечерва ја доби пресметката со Охрид и ја оправда фаворитската улога.

Битолскиот тим стигна до посакуван триумф, но мораше да се помачи за такво нешто бидејќи Охрид се покажа како незгоден противник, особено во првото полувреме.

Главната разлика се направи на средина на вториот дел кога „пелистерци“ отидоа на плус седум на семафорот, по што стана јасно дека нема враќање назад за гостите од Охрид.

Квалитетот дојде до израз кога беше најпотребно и избраниците на Бабиќ ја оправдаа фаворитската улога од хартија и на теренот, па со новата победа им се придружија во полуфиналето на Вардар и Бутел.

Последниот патник на завршниот турнир ќе го дознаеме утре од пресметката меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни