Поврзете се со нас

Франција

Донарума почна да се жали: Ми пречи тоа што не сум прв избор во ПСЖ

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума од оваа сезона влезе во нова етапа во својата кариера, започна нов предизвик и тоа во редовите на Пари Сен Жермен.

Тој се реши да стави крај на престојот во Милано и Милан и како слободен играч за следна дестинација ја извра франција и актуелниот вицешампион на оваа држава. Меѓутоа тука Донарума не е прв избор или подобро кажано се соочи со конкуренција во искусниот Кејор Навас кој засега има поголема доверба кај тренерот Маурисио Покетино.

Имено Навас има одиграно 11 натпревари во актуелнава сезона, додека Италијанецот засега бил стартер на 7 средби, па оваа ситуација веќе почнува да му пречи.

-Тоа не влијае на моите настапи, но ми пречи. Не е лесно бидејќи сум навикнат секогаш да бидам прв избор и боли да бидам на клупата. Сепак сигурен сум дека ситуацијата ќе се реши сама по себе, -истакна Донарума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни