Поврзете се со нас

Формула 1

Дома си е дома: Леклер ги воодушеви фановите со видео од тренинзите во Монте Карло (Видео)

Објавено

на

Ферари пријатно ги изненади своите фанови со настапот на вчерашните официјални тренинзи пред Формула 1 трката за ГН на Монако, а главен адут на Скудерија би требало да биде Шарл Леклер.

Црвените болиди имаа најдобри времиња на вториот тренинг, при што Леклер беше малку подобар од Карлос Саинц, што и не е изненадување бидејќи за помладиот во ова дуо ова е домашна трка.

Леклер гордо го претставува кнежевството Монако, а Формула 1 фановите се воодушевени од едно видео кое го објави Ф1 преку своите официјални профили на социјалните мрежи.

Ако Леклер е толку прецизен и во квалификациите и на трката, тогаш може да се надева на прва победа сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни