Поврзете се со нас

АТП

Доби нов мандат: Ивановски и во иднина ќе ја води тениската федерација

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk/

Александар Ивановски и во иднина ќе биде прв човек на македонската тениска федерација (МТФ)

Тој ја доби довербата на изборното собрани на кое воедно беше одлучено да се зголеми бројот на Управниот одбор од девет на единаесет членови.

Ивановски ја водеше федерација во претходните четири години, а до 2027 ќе продолжи да биде активен, да ги реализира плановите, да помогне дополнително да се развие тенисот.

Новиот УО го сочинуваат Александар Ивановски (претседател), Горан Рафајловски (потпретседател), Љубиша Давидовиќ, Сашо Наумоски, Зоран Антиќ, Јован Мариќ, Миле Атанасов, Љупчо Манџуков, Александар Медарски, Ана Бураку и Билјана Калчовска.

Во Надзорниот одбор се: Ерол Хасан (претседател), Хари Локвенец и Миливој Крстески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни