Поврзете се со нас

Италија

Директор на Милан уште еднаш го потенцирал клучот за успесите на „росонерите“

Објавено

на

Иван Газидис е дел од раководството на Милан кое успеа да го врати клубот на врвот во Серија А и придонесе за комплетирање на проектот кој донесе подобри финансиски резултати и скудето минатата сезона.

Иако се очекува тој да замине по истекувањето на договорот во декември, Газидис уште еднаш зборувал за ситуацијата во Милан, а според него клучот за одличните трансфери и резултати е Паоло Малдини.

– Улогата на Малдини во Милан е клучна.

–  Тој лично зборува со фудбалерите, сака да ги слушни нивните ставови и размислувања и начинот на кој може да ги мотивира. Прво зборува со нивните агенти, а потоа заедно со Масара зборуваат директно со фудблерите. Вистински пример е Тео Ернандес кој пристигна токму поради односот на Малдини, – вели Газидис.

Од страна на менаџментот, Газидис вели дека раководството морало да елиминира голем број високи плати.

– Имаше фудбалери кои многу го чинеа клубот, на пример договорот на Бонучи. Сакавме да го задржиме Донарума, но не по секоја цена, не можевме да си ја дозволиме платата што ја бараше. Целта ни беше да трошиме ефикасно и ефективно, – вели еден од директорите на „росонерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни