Поврзете се со нас

Свет

Де Бур со брутална оценка за холандскиот великан: Не можете да направите чоколадо со гомна!

Објавено

на

Холандскиот великан Ајакс е во голема криза во актуелнава сезона во која ништо не му оди од рака и најдобар доказ за тоа е 16 место на прволигашката табела што е вистинска катастрофа за составот од Амстердам.

Ајакс има проблеми на сите полиња и сосема јасно е дека критиките се огромни, некои се и брутални како што е онаа на некогашниот член на оваа екипа, Роналд Де Бур.

Де Бур е дете на овој клуб, играч кој во два мандати настапуваше за истиот и дефинитивно му е тешко да го гледа во оваа состојба, ама во исто време сака да биде искрен, да ја искаже реалната слика, па порача:

-Не можеш да донесеш толку многу второкласни играчи и да мислиш дека ќе заиграат на највисоко ниво.

-Можеби е сурово, ама не можете да направите чоколадо со гомна. Навистина сум загрижен, не знам каде води ова, -порача Роналд кој откри дека Франк добил понуда да се врати во Ајакс, но ја одбил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни