Поврзете се со нас

АТП

Давидович Фокина пред дуелот со Ѓоковиќ: Добро го познавам, можам да го победам

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми ги мина првите две пречки на ОИ во Токио што секако направи дополнителен исчекор кон остварување на својот сон, златен медал на најголемата спортска сцена.

Нареден ривал за првиот светски рекет е 22-годишниот Алехандро Давидович Фокина кој нема намера предвреме да се предаде, односно пред дуелот даде храбра изјава во која порача дека го знае рецептот за успех против главниот фаворит на турнирот.

-За време на карантин заедно трениравме во Марбела, имаме одлични односи. Тој е фантастично момче, научив многу од него. Свесен сум дека е многу тежок противник, но можам да го победам. Многу други тенисери веќе тоа го направија, а кога ќе излезам на терен мислам само на победа, без оглед на тоа кој е на спротивната страна.

-Тој има голема самодоверба, но чувствува и притисок затоа што сега ја претставува својата земја. Неговата цел е да ги освои ОИ, а потоа и Ју-Ес Опен и да стигне до златниот слем. Мислам дека не е лесно да се бори со таквите очекувања, -рече Давидович Фокина кој дојде до третата рунда преку Соуза и Милман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни