Поврзете се со нас

Италија

Чалханоглу упати совет до еден свој соиграч: Неговото време ќе дојде, треба да остане во Милан

Објавено

на

Еден од играчите чија иднина на „Сан Сиро“ е неизвесна, Хакан Чалханоглу, упати совет до својот помлад соиграч од Милан, Јенс Петер Хауге.

Младиот норвеши интернационалец во изннеадувачки трансфер пристигна во Милано од редовите на Бодо Гимт меѓутоа не добива голема минутажа оваа сезона.

21 годишниот фудбалер веќе размислува за опцијата заминување од Милан, дали на привремена или на перманентна основа, а за таквите негови намери сега коментар имаше и Чалханоглу.

Играчот од средниот ред на Милан му порача на Хауге да биде трпелив и дека неговото време ќе дојде.

– Дали ќе си оди треба да го прашате неговиот агент. Но доколку ме прашате мене, би побарал од него да остане и да се бори за да се најде во тимот. Има многу квалитет, ако продолжи да работи напорно може да биде дел од стартниот состав.

– Ми се допаѓа Јенс како личност, тој е добро момче. Млад е, направи огромен чекор со трансферот од Бодо Гимт, но му треба време да се зацврсти во првиот тим. Тој е голем талент и јас сум среќен што играм со него, -изјави Чалханоглу.

Интересно е тоа што Чалханоглу убедува свој соиграч да остане во Милан, а од друга страна веројатно ќе си замине од тимот откако неговиот договор ќе дојде до самиот крај во јуни оваа година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни