Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац избра 20 патници за Египет: Подмладената Македонија без тројца „староседелци“ на СП

Објавено

на

Селекторот Данило Брестовац најави дека планира подмладување на репрезентацијата пред да стане јасно дека Македонија како резерва ќе го заземе местото на Чешка на Светското првенство, но во моменти кога вонредно мораше да состави листа на патници за Египет, остана на своето и на мундијалот ќе гледаме доста млад состав.

Кире Лазаров како капитен одново ќе биде лидер и на оваа генерација која го започнува периодот на транзиција, а во кој покрај тоа што нема место за долгогодишниот стартер Борко Ристовски, изненади фактот што во конечниот список не се најде фантастичното крило на Веспрем, Дејан Манасков.

Иако беше дополнително повикан за вториот меч со Чиле, левото крило на крајот не е дел од 20-те ракометари кои ќе отпатуваат за Египет, а тоа значи дека голема минутажа ќе имаат Димитар Димитриоски и Цветан Кузманоски.

Во отсуство на Борко, прв голман дефинитивно ќе биде Никола Митревски кој брани во фантастична форма, а шанса од клупата за резерви ќе чекаат Мартин Томовски и Никола Даниловски.

Кога се во прашање стандардните играчи од минатите големи натпреварувања, овојпат ќе го нема и Гоце Георгиевски, кој пак се уште се опоравува од прележаниот коронавирус, но затоа во тимот се враќа Стојанче Стоилов кој дополнително беше повикан од селекторот Брестовац за втората контролка со Чиле.

Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Никола Даниловски

Леви крила: Димитар Димитриоски, Цветан Кузманоски

Десни крила: Мартин Поповски, Ненад Костески

Леви бекови: Филип Талески, Марко Мишевски, Дарко Георгиевски, Михајло Младеновиќ

Средни бекови: Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Горан Крстевски

Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни