Поврзете се со нас

АТП

Братот на Кирјос ја отвори душата: Ник беше многу несреќен, ги исфрли сите што го сакаа

Објавено

на

Финалниот натпревар на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос очигледно ќе привлече многу внимание поради двојката која се среќава во последната средба од неофицијалното тениско светско првенство.

Кирјос и Ѓоковиќ во минатото имаа неколку жестоки расправии, главно преку медиумите, а се беше иницирано од австралискиот тенисер кој се смета за еден од најконтроверзните во овој спорт.

Пласманот во финалето на Вимлбдон е прв ваков успех за Ник Кирјос, па јасно беше дека тој ќе ја има „главната“ улога овие денови. Австралиецот и неговото семејство станаа интересни за светските медиуми, па така братот на Ник Кирјос, Кристос даде информации од минатото на тенисерот.

– Во голем дел изминатите шест или седум години крај себе го немав помалиот брат. Тој беше толку несреќен во себе што ги исфрли сите оние кои го сакаа и кои му беа блиски. Беше целосно растресен и секогаш загрижен за нешто.

– Тенисот го промени. Луѓето не знаат, но јас и Ник еден период воопшто не разговаравме. Неговата сегашна девојка му ги отвори очите. Пред да ја запознае неа во неговиот живот владееше хаос. Сега можам да кажам дека назад си го добив својот мал брат, а мама и тато го добија својот син.

– Тој за нас веќе е победник, немам што друго да кажам кога гледам дека созрева во среќна и исполнетаверзија од самиот себе. Тоа е се што барав, затоа што сакам да гледам како победува во сите животни аспекти. Среќни сме поради него, -напиша Кристос Кирјос во колумна лиферувана од австралиските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни