Свет
Боатенг откри две анегдоти поврзани со Роналдињо: Сопругата сфати што правиме во 4 часот наутро…… (Видео)
Кевин Принс Боатенг неодамна беше во студиото на Рио Фердинанд и беше дел од подкастот на легендарниот стопер, а тоа му послужи како добра шанса да открие анегдоите и пикантерии кои досега не ги кажал во јавноста.
Боатенг промени многу клубови во кариерата и искуси различи натпреварувања, но како што вели самиот, вистински хајлајт за него било кога ја делел соблекувалната со Роналдињо во Милан.
Кевин Принс вели дека негов идол бил неповторливиот Рони, па на Рио му откри две интересни анегдоти за Бразилецот со кој изградил и пријателски однос.
– Му кажав дека е мојот идол и дека го сакам, а тој само ми рече дека сега сме на исто ниво. Тој е најдобриот човек кој може да го сретнете во фудбалот, навистина бев шокиран од таквиот однос. Знаете што направив поради него во Херта? Тој во тоа време ги извади црните „Р10“ копачки од Најк и можеше да ги носи само тој. Требаше да ги промовира во недела кога играше Барселона, а јас отидов во првата продавница и ги купив. Играв со нив во саботата и веднаш ми се јави шефот на Најк, ми велеше дали сум луд. Можеа да ме казнат 250 илјади евра, а потоа го прашаа Роналдињо дали сака да поднесе лична тужба до мене. Тој го отфрли тоа, им рече дека Бундеслигата е премала и никој не го ни гледал мечот на Херта, – открива Боатенг, кој се сеќава и на една анегдота од времето во Милан.
– Не знаете како е да се излезе на забава со него. Знаев да излезам понекогаш, но на мојата сопруга и велев дека одиме да играме покер со соиграчите. Еднаш ми се јави во четири наутро додека спиевме, мојот телефон почна да вибрира и видов дека е Роналдињо. Сопругата ме праша што се случува, а јас знаев дека е Роналдињо и дека најверојатно е пијан. Продолжи да ѕвони и на крајот му се јавив. Од таму викаше „кажи и на сопругата дека ќе одиш на покер“…… Тогаш мојата сопруга сфати што сум правел секогаш кога велев дека сум одел на покер.
@cheekysport 🇧🇷🐐 The GOAT Ronaldinho! kevin-Prince Boateng tells us on FIVE what it’s like to play alongside the footballing icon Ronaldinho during their time together at AC Milan! CC: @Rio Ferdinand @Stephen Howson 🇾🇪 @FIVEUK #fyp #football #soccerfutbol #ronaldinho #goat #r10 #acmilan #milan #boateng #kevinprinceboateng #podcsst #interview #exclusive #five ♬ original sound – Joel Beya
-
Боречки спортовипред 11 часа
Усик го раздрма Фјури со спектакуларни удари и стана неприкосновен светски шампион! (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Покетино за најтешкиот момент во оваа сезона: Тој резултат не стави…(ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Мијатовиќ: Модриќ е најдобриот играч за врска на сите времиња
-
Германијапред 20 часа
Баер Леверкузен победи за крај, Чаби направи нешто што не се памети во германскиот фудбал! (Видео)
-
Германијапред 15 часа
Попладне за заборав: Нојер мислеше дека топката оди во гол-аут, Хофенхајм направи пресврт (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Силва со брутална порака до соиграчите од Челси: Имаме среќа што не фрлаа камења по нас, ако го намалиме егото……
-
Англијапред 18 часа
Анри пред последното коло во сезоната: Фанот во мене ми вели едно нешто
-
Шпанијапред 14 часа
Агентот на Модриќ со најнова вест за иднината на Лука ги потврди шпекулациите од Шпанија