Поврзете се со нас

Свет

Блескаво издание: Костески „грмеше“ и донесе победа за Плзен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/TalentPlzen

Македонскиот интернационалец, Никола Костески ја одбележа втората победа на Талент Плзен во најсилната ракометна конкуренција во Чешка.

Актуелниот шампион имаше незгоден меч кај Нове Весели, дуел кој без блескавата партија на Костески сигурно немаше да успее да го добие. Плзен го доби првиот дел со 16-14, но во второто полувреме домаќинот почна да се заканува, притиска, а кога беше најпотребно Костески постигна три погодоци во низа и го однесе својот тим на 29:25, предност која потоа беше недостажна за Нове Весели.

Македонецот го заврши дуелот со осум гола со што беше најефикасен во својата екипа и на натпреварот.

Триумф во Чешка забележа и Брно, тимот на Дејан Кукулоски. Го доби Место Ловосице со 25-24, бекот даде еден гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни