Поврзете се со нас

Свет

Без грешка: Расположениот Поповски го предводеше Цирих до нова победа

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски го предводеше неговиот тим Амичитија Цирих до нова победа во првата швајцарска лига.

Некогашниот член на Вардар и Пролет има топ сезона и од натпревар од натпревар блеска за Цирих со тоа што сега одигра на највисоко ниво против Винтертур и тоа во славјето од 33:29. Гостите со одлично второ полувреме (18:14) се изборија за славје во ова соочување, петти триумф во низа или севкупно 11. во 16. првенствен меч.

Лидер беше Мартин со перфектно издание со шест голови од шест обиди.

Во следното коло Поповски и соиграчите ќе го имаат најголемиот предизвик, ќе го пречекаат актуелниот лидер Кадетен Шафхаузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни