Поврзете се со нас

Шпанија

„Бесплатниот“ Алаба ќе го чини Реал Мадрид најмалку 20 милиони евра

Објавено

на

Давид Алаба е фудбалер за кој отворена војна водат неколку големи европски клубови, а шпанските медиуми тврдат дека тој веќе има усмен договор со Реал Мадрид.

Тоа барем засега не ги спречува ривалите да преговараат со неговиот агент Пини Захави, а во исто време да употребуваат и различни парични бонуси како свои адути.

„Мундо Депортиво“ вели дека Реал Мадрид веќе прифатил да исплати 20 милиони евра бонус за потписот на Алаба, што покажува дека речиси и да не постои „бесплатен“ трансфер барем за поквалитетните фудбалери.

Сумата е предвидена за агентот Пини Захави, за таткото на фудбалерот кој учествува во преговорите, па и за самиот Алаба.

Фудбалерот пак ќе потпише 4-годишен договор од кој ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни