Поврзете се со нас

Свет

Бензема не се појави пред судот во Париз, Валбуена најави дека ќе оди до крај

Објавено

на

Карим Бензема не се појави денеска во Судот во Париз на првото рочиште за „случајот Валбуена“, откако фудбалерот на Реал Мадрид одлучи да биде претставуван од својата одбрана и да избегне било каков контакт со сите инволвирани во скандалот кој датира од 2015-та година.

Шест години подоцна, Валбуена ова попладне се појавил со своите адвокати во судот во Париз и најави дека ќе бара правда до самиот крај, откако не успеал да пронајде мир во цел овој изминат период кој дефинитивно влијаеше и врз неговата играчка кариера.

Карим Бензема е еден од петорицата кои се обвинети за уценување на Валбуена со сексуален видео материјал украден од неговиот мобилен телефон, поради што на напаѓачот на Реал Мадрид му се заканува и петгодишна затворска казна и паричен надоместок од 75 илјади евра доколку се докаже дека е виновен.

– Чекав шест години да почне овој процес и сега ќе одам до крај. Бензема не се појави денеска и тоа е нависитна жално. Тоа е вистинска штета, но нема што да се направи. Ќе останеме и ќе се враќаме тука колку што е потребно, се додека не се докаже вистината, – изјавил Валбуена пред француските новинари, додека еден од изнудувачите кои ја признал вината, открил дека видеото не завршило само кај Бензема.

– Видеото го проследив на многумина од репрезентацијата, не само на Бензема. Џибрил Сисе е еден од играчите кои го добија, многумина го видоа видеото , – изјавил еден од обвинетите, кој сепак нагласил дека никој во ниту еден момент не се обидел да изнуди пари од поранешниот француски репрезентативец Валбуена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни