Поврзете се со нас

Свет

Бензема имал конфликт со тренерот Галјардо и го напуштил понеделничкиот тренинг на Ал Итихад

Објавено

на

foto:twitter.com/ittihad_en

Карим Бензема беше доведен во Ал Итихад како најскапо засилување и најголема ѕвезда на тимот од Саудиска Арабија, но веќе во неколку ситуации предизвикува проблеми и конфликти во составот од Џеда.

Последниот инцидент се случил на тренингот во понеделникот, кога Бензема добил задача да тренира самостојно од тренерот Марсело Галјардо, но наместо да ги следи инструкциите на Аргентинецот, жестоко се расправал со него и го напуштил тренингот.

Следниот ден Бензема бил забележан во тренинг центарот на Ал Итихад, но тренирал со повредените играчи и бил далеку од составот кој Галјардо го подготвувал за денешната средба.

Сосема очекувано, поранешната ѕвезда на Реал Мадрид не беше во конкуренција за денешната средба со Ал Тае, која актуелниот шампион ја доби со убедливи 0:3.

Бензема претходно го налути Галјардо бидејќи не се појави на прозивката пред почетокот на подготовките и го пропушти тренинг кампот во Дубаи, а медиумите шпекулираат дека продолжува да создава проблеми бидејќи очајно сака да се врати во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни